Охрид, 14. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва ќе се одржи специјално Велигденско издание на театарската импровизација “Импровокација”.
Ова е петта епизода од втората сезона на забавното шоу. И овој пат „импровокатори” се актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски, со поддршка на Филип Ангеличин Жура.
Картите се во продажба во музичката продавница ЗиЗи Топ.
Почетокот е закажан за 20 часот, на алтернативната сцена во подрумските простории на Ценратот за култура “Григор Прличев”. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 20