април 17, 2017

Охрид, 17. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Трио „Џентлмен”, музички состав од тројца врвни професионални оперски пејачи, ќе одржат Велигденски концерт во Охрид.

Охриѓани ќе имаат несекојдневна можност да уживаат во музичко вокалниот перформанс на Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон и Дарко Нешковски – тенор.

Како состав се формирани пред повеќе од две години, но веќе имаат изграден стил и искуство во класичната музика. Македонските оперски „Кавалери” како што ги нарекуваат, во својот репертоар ги негуваат најголемите светски хитови, изведени во поп – класичен манир.

Пред охридската публика ќе се претстават со наполитански канцони, шпански песни, руски романси, но и дела од богатото македонско творештво.

Концертот ќе се одржи во среда, 19-ти април во Центарот за култура „Григор Прличев”. Почетокот е во 20:00 часот, а влезот ќе биде слободен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука