Неапол, 15. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Дефанзивецот на Наполи, Елсеид Хисај, сезонава е незаменлив на десната бековска позиција кај „наполитанците“ и со добрите игри ги алармираше големите клубови да го следат неговиот развој.
Манчестер јунајтед и Арсенал се двата тима кои се посериозно ги следат настапите на албанскиот интернационалец, најавувајќи дека во текот на летниот преоден рок ќе испратат понуди за негов ангажман.
Хисај во договорот има откупна клаузула од 50 милиони евра, но англиските гиганти би сакале да ја спуштат оваа сума до околу 30 милиони евра. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 24