Охрид, 15. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Возило заврши во една од бараките наспроти поранешната фабрика „Илинден“, во сообраќајката која се случи доцна попладнево.
Очевидци за Супер радио информираат дека во незгодата учествувале две возила, од кое едното завршило во една од бараките покрај патот.
Инцидентот се случи на улицата „Железничка“ нешто после 18:00 часот. До овој момент нема информации за повредени лица, а во инцидентот е предизвикана значителна материјална штета. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 24