Охрид, 17. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Христијанските верници, оваа година заедно и православните и католичките, денес го слават втор ден Велигден, кој е државен празник и неработен ден во Република Македонија.
Воскресението Христово завчера на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква. Христовото Воскресение Велигден се смета за најголем христијански празник, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.
Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Велики четврток кога, пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца. (Крај)
извор: А1он фото: архива
Прочитано: 23