Барселона, 18. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Како што тврди весникот „Ел Мундо Депортиво“ Ернесто Валверде е стратегот што ќе го наследи Луис Енрике на клупата на Барселона по завршувањето на оваа сезона.
Каталонскиот весник пишува дека дека одлуката е веќе донесена, а договорот за соработка е постигнат, поради што Валверде веќе му соопштил на својот сегашен клуб, Атлетик Билбао, дека нема да продолжи да ја извршува оваа функција и следната сезона.
Уште по самата соопштување на Луис Енрике за неговото заминување од „Камп ноу“ името на Валверде беше начесто споменувано како еден од најсериозните кандидати за наследник на трофејниот стручњак. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 17