Охрид, 18. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва со почеток од 20 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ повторно ќе биде изведена претставата „Аналфабет“.
Претставата е комедија, работена според текст на Бранислав Нушиќ, а во режија Ѓорѓи Ризески.
Играат актерите: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Елизабета Стефановска.
Билетите се по цена од 200 денари. Во претставаата се употребуваат пиротехнички средства и не се препорачува за лица помлади од 14 години. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 22