април 18, 2017

Охрид, 18. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради масовниот туризам, објектите кои се дел од светското културно наследство на УНЕСКО, во Хрватска, Црна Гора и Македонија се изложени на опасност да го изгубат својот статус, коментира изданието на Balkan Insight.

Како што пишува понатаму Balkan Insight, овој вид на туризам им нанесува штета на објектите, но и на нивната околина.

– На ваквиот вид на ризик се вклучени хрватскиот приморски град Дубровник, древниот приморски град Котор во Црна Гора, како и историскиот македонски град Охрид и Охридското Езеро, се вели во коментарот. (Крај)

извор: Точка/ Balkan Insight фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука