април 18, 2017

Охрид, 18. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува уредувањето на тротоарските површини на влезот на градот по булевар „Туристичка“, како дел од програмата за 2017 година на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици при Општина Охрид.

Читатели на OhridPress денес ни испратија фотографии и реакција дека се уништуваат и дрвјата на тротоарската површина која се уредува.

trotorarbulevar2– Како граѓанин на Охрид многу ме боли денешното „масакрирање“, сечење на сите дрва во булевар „Туристичка“, поточно на потегот од хотел „Фламинго“ кон Струга. Не знам далио ќе садат нови, никој ништо не кажува, но ова е нешто ненормално. Наместо да садиме нови фиданки, ние и тие што ги имаме ги сечеме. Ова е катастрофа, велат за OhridPress.

trotorarbulevar3Градежните активности ќе ги изведува фирмата АД „Илинден“ од Струга, а вредноста на зафатот е околу 11 милиони денари. Предвидена е изградба и асфалтирање на вкупно 2.057 метри должни пешачки и велосипедски патеки. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука