Лондон, 18. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Британската премиерка Тереза Меј во ненајавено обраќање, побара вонредни изботи во земјата, кои би се одржале на 8 јуни.
Ваквата одлука на премиерката утре треба да биде аминувана од парламентот, а опозиционите лабуристи веќе најавија дека ќе ја поддржат оваа иницијатива.
Ваквата нејзина одлука Меј ја оправда со настојувањето да обезбеди цврст мандат за Владата, пред интензивирањето на преговорите со ЕУ за Брегзит, односно напуштање на Унијата.
Инаку следните редовни избори би требало да се одржат во 2020 година. (Крај)
извор: Инпрес фото: архива
Прочитано: 24