април 18, 2017

Скопје, 18. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од ноќеска на полноќ горивата ќе се точат по повисоки цени.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика бензините поскапуваат за 2,5 денари, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 2 денари.

Па така, новата цена на литар Еуросупер БС 95 ќе изнесува 67,5 денари, а Еурсупер БС 98 ќе се продава за 69,5 денари.

Литар Еуродизел (Д-Е V) ќе се точи за 52,5 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 41 денар.

За 1,766 денари поскапува мазутот М-1 HC и килограм од овој енергенс ќе чини 27,402 денари.

Регулаторната комисија за енергетика ја утврди новата цена на бензините врз основа на движењето на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминаитите 14 дена и курсот на доларот во однос на денарот. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука