Охрид, 19. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев”, со почеток во 20:00 часот, Трио „Џентлмен”, ќе одржи концерт во Охрид.
Охриѓани ќе имаат несекојдневна можност да уживаат во музичко вокалниот перформанс на Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон и Дарко Нешковски – тенор.
Како состав се формирани пред повеќе од две години, но веќе имаат изграден стил и искуство во класичната музика. Македонските оперски „Кавалери” како што ги нарекуваат, во својот репертоар ги негуваат најголемите светски хитови, изведени во поп – класичен манир.
Пред охридската публика ќе се претстават со наполитански канцони, шпански песни, руски романси, но и дела од богатото македонско творештво.
Настанот е поддржан од Министерството за култура, а влезот ќе биде слободен. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива