април 19, 2017

Монако, 19. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Новак Ѓоковиќ успеа да го мине второто коло на Мастерсот во Монте Карло, додека од турнирот испадна Жо-Вилфред Цонга.

Вториот светски рекет во мечот со Жил Симон беше пред пораз, но успеа да се извлече и да слави во три сета со 6:3, 3:6, 7:5.Изненадување во третото коло направи Адријан Манарино, 56-ти на АТП листата, кој го победи сонародникот Цонга во три сета со 6:7, 6:2, 6:3.

Пласман во третата рунда избори и Јиржи Весели со победата над Миша Зверев во два сета со 7:6, 6:3. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука