Мадрид, 19. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипите на Атлетико и Реал се првите полуфиналисти во Лигата на шампионите, откако ги елиминираа Баерн Минхен односно Лестер.
Реал и Баерн одиграа еден од најдобрите мечеви во тековната сезона,натпреварот во регуларниот дел заврши со резултат 1-2, а по продолженијата Реал славеше со 4-2.Атлетико ја потврди фаворитската улога против Лестер и на „Кинг Пауер“ стадионот, реваншот синоќа заврши 1-1 недоволно за англискиот претставник.
Вечерва на програмата се дуелите Барселона-Јувентус и Монако -Дортмунд. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 16