Избор Струга

Агенцијата за храна на граничниот премин Ќафасан запленила небезбедно месо од Бразил

Скопје/Струга, 19. април 2017 (ОХРИДПРЕС) — Агенцијата за храна и ветеринарство на почетокот на месецов на граничниот премин Ќафасан запленила 1.300 килограми небезбедно пилешко месо по потекло од Бразил.

Запленетото месо, како што се наведува во соопштението, нештетно било уништено на депонијата во Струга.

– Станува збор за легален увоз на замрзнато пилешко месо, за кое, врз основа на извршениот преглед од страна на официјален ветеринар, било констатирано дека потекнува од објект – кланица, кој во моментот на прегледот не се наоѓал на листата објекти кои се одобрени за извоз од страна на Европската унија, односно кој дозволата за извоз ја изгубил на 23-ти март годинава, се вели во соопштението на Агенцијата за храна и ветеринарство. (Крај)

извор: АХВ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави