Охрид, 20. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев”, Трио „Џентлмен”, одржи концерт во Охрид, во рамките на серијата концерти низ македонските градови, предвидени со годишната програма.
Настапија популарните оперски пејачи Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон и Дарко Нешковски – тенор.
– Прекрасно е што сме тука во Охрид меѓу вас. Прв пат настапуваме тука. Се надеваме дека ќе уживате во музиката, подеднакво како уживаме и ние, се обратија пред публиката членовите на триото, непосредно пред почетокот на концертот.
Трио „Џентлмен” се претставија со наполитански канцони, шпански песни, руски романси и дела од богатото македонско творештво. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 56