Избор Охрид

Априлски снег на Галичица (ФОТО)

Охрид, 20. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Како што најавија метеоролозите, деновиве на повисоките места наврна снег.

Новиот априлски снег се спушти над градот Охрид – по падините на Петринска Планина и на повисоките врвови на Галичица.

galicicasneg1

За Охрид велат дека е истовремено и море и планина, со неговата надморска височина од 695 метри и со околните – Галичица со врвот Магаро (2.255 метри надморска височина) и Јабланица (2.258), а малку потака и Кораб со надморска височина од 2.764 метри – доминантна во пошорикиот регион. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука