Охрид/Битола, 21. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Битолска апелација го враќа случајот со убиството на младиот охриѓанец Димитар Матилоски, на повторно судење, пишува порталот Охриднет.
Бранителите бараат поблага казна за србинот Бојан Угреновиќ, кој на Новогодишната ноќ 2016 година, свирепо до смрт го претепа Матилоски.
Угреновиќ доби затворска казна од 16 години. Бранителите бараат поблага казна, додека охридската и македонска јавност бараа да му се одреди доживотна казна.
Повторното судење е закажано за 5 мај 2017 година. (Крај)
извор: ОхридНет фото: архива
Прочитано: 18