Охрид, 21. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Здружението за заштита на животните и животната средина „ЕДЕН“ организира завршен настан во рамки на проектот „Заштита на природата во НП Галичица: бајка или реалност“ поддржан прекуИПА 2 Механизмот за граѓанските организации.
Настанот ќе се одржи на 24 април, понеделник, со почеток во 12:00ч. во хотел Royal View Охрид.
Ќе се презентираат резултатите од проектот, а гАјман Ал Малла, раководител на Сектор за животна средина во Општина Ресен, ќе ја сподели и успешната приказна на Општината која преку добро владеење стабилно чекори по патот на одржливиот развој.
Освен на овие две теми, ќе се дискутира и за исходот од состанокот на граѓанскиот сектор со реактивната мисија на УНЕСКО.
Досега во рамки на проектот се спроведоа четири консултативни средби. Три од нив беа со засебни категории чинители – граѓани, граѓански организации и институции, а на последната консултативна средба беа поканети сите чинители заедно. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива