Охрид, 22. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Популарната емисија „Ги плаќаме Вашите сметки“ со актерот Стрезо Стаматовски, и денес ќе се емитува точно во 10 часот, во живо на Супер радио и на регионалната О2 телевизија.
Потенцијалните кандидати можат да го искористат правото на „поврат на парите“. Оваа наградна игра се однесува на сите кои купуваат производи во некој од „Тамаро“ маркетите во висина до 2.000 денари, во која задолжително ќе има производи од „Жито лукс“.
Сметката треба да се остави заедно со податоците во посебно обележаните делови во маркетот или да се испрати на електронската пошта [email protected] со назнака за „Ги плаќаме Вашите сметки“ или на официјалната страна на Facebook.
Според правилата на играта, двајца најсреќни купувачи ќе бидат избрани и прогласени за победници, кои ќе имаат време од 10 минути за да дојдат во студиото на Супер радио и да си ги подигнат парите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес