Охрид, 22. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Еколозите предупредуваат дека охридскиот крап со години е цел на безмилосно ловење и уништување, додавајќи дека над овој вид автохтона риба во Охридското Езеро, се врши вистински геноцид, до степен да биде доведено во прашање неговото опстанување.
Забележано е слободното влегување, во било кој дел од денот на поединци, или помали групи на лица, кои често вршат риболов на крапот, обично на локацијата кај трските.
Фотографиите, направени утринава, покажуваат што останало од ноќниот риболов на крапот во Охридското Езеро. (Крај)
извор: Мета фото: архива
Прочитано: 120