април 22, 2017

Охрид, 22. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Македонската берза на хартии од вредност во Охрид ја одржа 18. годишна конференција.

Како што потенцираше главниот извршен директор на Македонската берза на хартии од вредност, Иван Штериев, состојбите на берзанското тргување во Македонија се задоволителни.

– За тоа говори реализираниот промет во првиот квартал на оваа година од неполни 17 милиони евра, што е второ најдобро остварување во последните пет години. Сепак, дека политичката криза неповолно влијае врз финансиските текови покажува податокот што речиси веќе не се присутни странски инвеститори, додаде Штериев.

Македонска берза во Охрид ќе ги додели наградите за најтранспарентни котирани акционерски друштва за 2016 година. На конференцијата се одржаа панел дискусии за управување со пазарот на капитал, поглед во иднината: јавни наспроти приватни компании, финансиските пазари, новините во фондовската индустрија во Македонија, во финансиското работење.

Елизабета Чингароска, претседателот на Комисијата за хартии од вредност потенцираше дека севкупните политички случувања во нашата држава влијаат врз однесувањето на инвеститорите и нивните одлуки да инвестираат на македонската берза. (Крај)

извор: ОхридПрес/МК Берза фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука