април 24, 2017

Охрид, 24. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот џез музичар Владимир Василевски Четкар, се враќа на Тајм сквер со концерт во светски прочуениот Њујоршки клуб „Би Би Кинг Блуз Клуб“ каде редовно настапуваат некои од најзвучните имиња во светот на фанк, блуз и соул музиката.Четкар во „Би Би Кинг“

ќе настапи на 6 мај, сабота, во сцената „Лусил“ која е именувана по гитарата на блуз легендата Би Би Кинг. Четкар ќе се претстави со авторска музика а ќе биде придружуван од Коди Роландс на труба, Алтасар Отесен на тенор саксофон, Сет Вивер на Тромбоне, Владан Мијатовиќ на клавијатури, Џејмс Квинлан на бас и Нолан Брд на тапани.

Посебно признание за Четкар доаѓа од Јужна Кореа каде неодамна најпознатиот Корејски џез фестивал, Јарасум Џез Фестивалот, ја одбра композицијата на Владимир Четкар „Heavenly“ како официјална музичка тема и направи музичко видео со најдобрите моменти од фестивалот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука