Охрид, 24. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во хотелот „Милениум Палас“ во Охрид, на 26 април, среда, ќе се одржи информативен настан организиран преку проектот на УСАИД „Партнерство за подобра регулатива”.
Настанот ќе биде на тема „Права и обврски кои произлегуваат од законот за работни односи и колективни договори“. Средбата е во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, во соработка со Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија и ЕПИ Центар Интернационал.
Ќе се обработуваат теми за претпријатијата во Република Македонија – полесно спроведување на законите и паралелно јакнење на јавно-приватниот дијалог. Предавач на информативниот настан е Снежана Петковска. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива