Охрид, 24. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Викендов се одржа 47-то Државно првенство во боречките вештини кихон и кумите (кихон ипон, кого, јиу ипон и јиу кумите), на кое Карате Доџо „Самурај” – Охрид учествуваше со 11 натпреварувачи.
Вкупно 8 натпреварувачи од Охрид постигнаа значајни резултати, освојувајќи 2 сребрени и 6 бронзени медали.
Охридскиот тим го сочинуваа натпреварувачите и тренерите: Мурат Умер, Каан Умер, Ева Ѓоргиевска, Сашо Ѓоргјиевски, Ана Христоска, Билјана Мацкоска, Нина Ангелоска, Наташа Ангелоска, Ирена Шибакоска, Јане Шибакоски, Игор Митрески, Игор Лозаноски, Теодора и Филип Богданоски.
Првенството беше во организација на МТКФ (Македонска традиционална карате федерација). (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Карате Доџо „Самурај”
Прочитано: 22