Економија Избор Охрид

Од денес во Охрид започнува „Агрономијада“ за студентите од Балканот

Охрид, 25. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Повеќе од 1 000 студенти од 6 земји од регионот ќе учествуваат на настанот „Агрономијада“, кој ќе се организира во Охрид.

Овој настан е наменет за студенти кои студираат на шумарските факултети од државите од Балканот. Ќе има учесници од вкупно 24 факултети. „Агрономијада“ ќе се одржува од денес до 29 април во хотел „Десарет“ Охрид.

Целта на овој собир на студентите е размена на искуства од студиите по струката која ја одбрале, а дружењето ќе се развива во главно преку организирани спортски игри и натпревари. Студентите меѓу себе ќе организираат и квизови на знаење, а нема да изостане и посетата на бројните знаменитости низ Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука