април 25, 2017

Охрид, 25. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес во Охрид ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а кон крајот на денот ќе се промени во јужен.

Температурата ќе достигне максимални 18 степени.

До четврток ќе преовладува стабилно и значително потопло време со умерен јужен ветер. Од петок се очекуваат повремени врнежи од дожд и опаѓање на дневните температури. (Крај)

извор: Метео фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука