Охрид, 25. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните на Општина Охрид чии земјоделски насади претрпеа штета поради ниските температури проследени со слана и мраз кои ја зафатија Општина Охрид, можат да ја пријават штетата во просториите на општина Охрид.
Пријавувањето се врши секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, во Општински услужен центар, во архива на Општина Охрид, или на телефонскиот број 046/230-175. Лице за контакт од Општина Охрид за пријавување на штетите е Дипл. Земјоделски инжинер Радован Вељаноски, Претседател на Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди.
Покрај барањето, пријавите треба да бидат дополнети со фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка и доказ за сопственост на имотот (имотен лист). (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива