Лондон, 25. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Управата на Челзи, се обидува да го победи Манчестер јунајтед во трката за ангажманот на хрватскиот интернационалец,Иван Перишиќ.
Жозе Мурињо, беше во Загреб лично да ја следи играта на Перишиќ во хрватската рептрезентација, но и Антонио Конте е заинтересиран за неговите услуги.
Челзи е подготвен да плати 55 милиони фунти за крилниот играч на Интер ова лето, а „нероаѕурите“ најверојатно ќе одлучат да го продадат со оглед дека и следната сезона нема да успеат да се пласираат во Лигата на шампионите. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 23