Охрид, 25. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со кривична пријава се стекна лицето Љ.Т., 41-годишен, од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсорси”.
На 12-ти октомври минатата година во Охрид бил извршен претрес во домот и помошните простории каде што живее пријавениот. Полицијата пронашла и одзела едно растение „Канабис“ со корен, засадено во саксија, три скршени делови од стебло „Канабис“ засадено во саксија, седум листови од растение „Канабис“ и 0,37 грама марихуана.
Исто така СВР Охрид поднесе кривична пријава за истото кривично дело и против 18-годишниот Х.Б. од Охрид. На 27 јуни 2016 година, пред влезот на зграда, бил забележан пријавениот како од тревнатиот дел вади најлонска кеса. По преземените мерки за преглед, тој исфрлил најлонска кеса со 55,80 грама марихуана. (Крај)
извор: МВР фото: архива