април 26, 2017

Охрид, 26. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Покрај италијанските туристи, кои патуваат со карактеристични возила, Охрид е интересен и за посетители од други земји.

Денес низ чаршијата и стариот дел на градот има поголеми групи на француски туристи. Споменикот на Свети Кирил и Методиј, како и Свети Климент и споменикот за Богојавление, за француските посетители се омилени мотиви за фотографирање.

francuskituristi2

Веќе од следниот месец традиционално се очекуваат и првите туристи за оваа сезона од Холандија. Тур-операторот „ТУИ-Холандија“ оваа година ќе воведе уште еден чартер лет до Охрид, така што ќе има пет лета неделно, потврдуваат од Агенцијата за промоција и поддршка на турзимот на Република Македонија.
Според извештаите на странските тур – оператори, има зголемување од 32 проценти на вкупните резервации за лето 2017 година. Од агенцијата за поддршка на туризмот велат дека странците сакаат да го видат во Охрид и Македонија, тоа што претежно го нема во нивните земји. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука