април 26, 2017

Охрид, 26. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Педесетина деца од детската градинка „Лихнида“, денеска ја посетија Полициската станица за граничен надзор – Охридско Езеро.

– Со активностите на езерската полиција во заштита на државната граница, за безбеден езерски сообраќај и во заштита на рибниот фонд на Охридското Езеро, како и за другите мерки и корисни информации поврзани со секојдневната работа, денеска најмладите ги запозна командирот на полициската станица за граничен надзор-самостојниот инспектор Миле Колески. Командирот заедно со тимот на езерската полиција, на најмладите им покажаа и дел од опремата и материјално-техничките средства што ги користи езерската полиција, информираат од СВР Охрид.

Најмладите, на денешниот едукативен час со виден интерес ги разгледаа полициските чамци и глисери, полициските скутери како и возилата и моторциклите што, останатите полициски службеници постојано ги користат во секојдневното извршување на другите работни задачи. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: СВР Охрид

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука