Охрид, 27. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 24. степени.
– До петок ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и ќе дува умерен јужен ветер, особено изразен вдолж Поварадарието. Температурата ќе биде во пораст. Потоа облачноста ќе се зголеми, а најоблачно преку целиот ден ќе се задржи во сабота, додека во наредните денови ќе има подолги сончеви периоди. Од сабота до вторник во попладневните и вечерните часови ќе има локален дожд, кој краткотрајно можно е да биде пороен и проследен со ретка појава на грмежи. Во недела ветерот ќе се промени во северен и тоа ќе услови спуштање на дневната температура за 4 до 5 степени во однос на претходниот ден. Од понеделник температурата повторно ќе биде во пораст, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес/Метео