Економија Избор Охрид Струга

Американската амбасада во Охрид и Струга ќе презентира програми за стипендирање и образовна размена

Охрид/Струга, 27. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес претставници на Амбасадата на САД во Скопје, во Охрид и Струга ќе ги презентираат образовните програми за стипендирање на студенти за работа, студентска размена и учење во САД.

Презентацијата во Охрид ќе биде со почеток во 11 часот во просториите на Факултетот за Туризам и угостителство.

Додека во Струга ќе има презентација на Правниот Факултет „Св.Климент Охридски“ со почеток во 12:30 часот, а во Американското катче во Струга со почеток во 15:00 часот ќе биде презентација за пошироката јавност.

Се нудат неколку програми, кои се однесуваат не само на студенти, туку и на продесори, преку Фулбрактовата програма, потоа Програма за заедништво на Хкуберт Хамфри, програма за македонските медиуми и слично. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави