Охрид/Струга, 27. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Утре е последниот рок за пријавување за сите заинтересирани граѓани кои сакаат да бидат дел од обуките за граѓанско новинарство.
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ги поканува сите заинтересирани да се пријавуваат на електронската пошта: [email protected].
За граѓаните од општините Вевчани, Дебарца, Кичево, Охрид и Струга, обуките ќе се одвиваат во Битола, на 4 и 5 мај.
Во текот на обуката учесниците ќе се стекнат со знаења и практични вештини од областа на граѓанското новинарство. Обуката ќе опфати теоретски и практичен дел за пишување на новинарски стории, фото и видео новинарство и етиката во граѓанското новинарство. Социјалните медиуми како канали на комуникација ќе бидат дел од програмата, како и блогирањето како можност за правење општествена промена. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива