Барселона, 27. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипите на Барселона и Реал ги декласираа своите противници во 34.коло во Примера. Каталонците против Осасуна победија со 7-1, а Реал на „Ријазор“ во Ла Коруња со 6-2.
Мечот на „Ноу Камп“ го обележа Хавиер Маскерано кој го постигна првиот гол на официјален натпревар во дресот на Барселона.Зинедеин Зидан на „Ријазор“ истрча со втор тим, но Реал без проблеми ја декласира Ла Коруња.
Барселона води на табелата по 34 кола со 78 бодови колку што има и Реал, но екипата од Мадрид има и натпревар помалку. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 18