Скопје, 27. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – РК Вардар вечерва го игра четвртфиналниот реванш во Лигата на шампионите против германскиот Флензбург.
Со победата на првиот меч во Германија 26-24, вардарци се на чекор од завршниот турнир во Келн, но сите во клубот се свесни дека работата сè уште не е завршена.Тренерот Гонзалес на прес конференција истакна дека само со игра која треба да биде подобра од онаа во „Фленс арена“, ќе биде остварена целта зацртана пред четири години, а тоа е пласман во елитната четворка на европскиот ракомет.
Натпреварот Вардар – Фелнзбург се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 19 часот. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 17