Охрид, 27. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридските советници заседаваат по точките од 70-та седница на градскиот совет.
Покрај предвидените 54 точки, дневниот ред беше дополнет со уште четири точки. Нивното вметнување беше едногласно усвоено, а се работеше за предлогот за дополнување на програмата за урбанистички планови за 2017 година, дополнување на програмата за градежно земјиште, изменување и дополнување на годишната програма за урбана опрема, како и за ДУП за урбаната заедница 16, урбан блок 16.2.
Инаку седницата е сеуште во тек. Во досегашната расправа беа изгласани Предлог Одлуката за учество на општина Охрид во реализација на летен фудбалски камп „Барселона 2017“, како и предлог Одлука за исплата на долгот на веслачкиот клуб “Југ” по основ на правосилни извршни исправи.
Советниците ја изгласаа и точката со која се одобруваат финансиски средства за РК “Охрид” во висина од 4,5 милиони денари. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес