Охрид, 28. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вчера во рамките на училишните спортски лиги за основни и средни училишта, Сојузот за училишен спорт Охрид под покровителство на локалната самоуправа Охрид ги организираше плеј –оф и плеј –аут фазите од лигата футсал во спортска сала „Билјанини Извори“.
Натпреварите се за основни училишта, а зедоа учество учениците од VI и VII одделение во машка конкуренција. Во плеј- аут фазата од лигата во футсал се постигнаа следните резултати:
ОУ „Св.Наум Охридски“ Пештани – ОУ „Кочо Рацин“ 4:0
ОУ „Св.Климент Охридски“ – ОУ „Братство Единство“ 4:3
Во плеј- оф фазата од лигата во футсал се постигнаа резултатите:
ОУ „Григор Прличев“ – ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти 3:1
ОУ „Христо Узунов“ – ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец 3:0
Во текот на изминатиот период остварена е средба и договорена за соработка да се вклучат во лигата лица со посебни потреби и хендикеп. Училишните спорски лиги продолжуваат наредната недела со натпревари во шах и пинг понг за лица со посебни потреби и хендикеп и натпревари во пинг понг за учениците од женска и машка конкуренција во основни училишта, најавуваат од Сојузот за училишен спорт. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива