април 28, 2017

Охрид, 28. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Националната Установа библиотека „Григор Прличев“ – Охрид го збогати книжниот фонд со нови наслови.

Лицата кои се зачленети во библиотеката, ќе можат да одберат од новите наслови од областа на белетристика. Меѓу авторите е една од Македонија, младата писателка Вера Калин, која е застапена со книгата „Ловци на светулки”.

Додека од странските автори има нови наслови од светски познати звучни имиња, но и автори дебитанти.

knigibiblioteka1

Читателите ќе можат да одберат од следните наслови на нови книги: „Лавиринт на духовите” – Карлос Руиз Зафон, „Шпионка” – Пауло Коелјо, „Врзани” – Ема Чејс, „Чиракот на архитектот” – Елиф Шафак, „Враќањето” – Викторија Хислоп, „Совршени заедно” – Карли Филипс, „Прељуба” – Пауло Коелјо, „Валкано црвено” – Тарин Фишер, „Скриени богатства” – Нора Робертс, „Ништо не трае вечно” – Морин Ли, „Неопходни лаги” – Дијана Чејмберлен, „Само едно е важно” – Гари Келер и Џеј Папасан и „Мајстори на успехот” – Наполеон Хил, Џозеф Марфи и Дејл Карнеги.

Издавањето на книги во библиотеката е секој работен ден од 8 до 18 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука