Барселона, 30. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Првата ѕвезда на Барселона Лионел Меси продолжува да создава голема разлика меѓу себе и останатите кандидати за „Златната копачка“.
Синоќа Лео Меси постигна два гола против Осасуна во вонредното коло на Ла Лига и веќе има 33 погодоци во првенството, кои му носат 66 поени.
Најблискиот до Меси е голгетерот на Евертон, Ромелу Лукаку , додека соиграчот на Меси од Барселона, Луис Суарез не настапи против Осасуна. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 24