Милано, 30. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Италијанските медиуми пренесуваат дека Де Шиљо на крајот на сезоната сигурно ќе го напушти Милан, па раководството веќе работи на негова замена.
Де Шиљо е „дете на Милан“ но во последно време влезе во конфликт со фановите и донесе одлука да не го продолжува договорот кој му истекува следната година и сака да ја промени средината.
Италијанските медиуми пренесуваат дека новото раководство веќе се заинтересирало за Матео Дармијан од Манчестер Јунајтед и Хуан Бернат од Баерн Минхен. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 24