април 29, 2017

Охрид, 29. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес во Охрид ќе се одржи шестиот по ред фестивал „Трак енд рол“ (Truck & Roll), кој секоја година е во организација на охридскиот бенд The Backdoor Band.

Фестивалот по традиција ќе се случува по повод празникот 1 Мај, а ќе има настапи на бендови на Градскиот плоштад.

Годинава на фестивалот покрај домаќините The Backdoor Band, ќе настапуваат и два бенда од Данска – Blended Brew и Tainted Lady.

Blended Brew досега неколку пати настапувале во Македонија. Бендот е составен од петмина музичари. Концертот во Охрид е дел од нивната прва европска турнеја.

Додека Tainted Lady се хард-рок бенд, исто така составен од петмина членови.

Почетокот на фестивалот е од 18 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука