мај 1, 2017

Охрид, 1. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – „Охрид градот на светлината“ е насловот на новиот филм на познатиот охридски режисер Илија Пиперкоски, чија прва епизода ќе се прикажува денес со почеток во 17:45 часот на првиот канал на националната МТВ.

Филмот е во 5 епизоди (од праисторија до денес) и секоја епизода раскажува за различен временски период од историскиот континуитет на живеење во градот Охрид.

– Автори на сценаријата се: Проф. Д-р. Вера Битракова-Грозданова, Проф. Д-р Цветан Грозданов, Археолог Паско Кузман, Проф. Д-р Павле Митрески, Проф. Д-р Драги Ѓорѓиев и Доц. Д-р Никола Митровиќ – Бабе, вели режисерот Пиперкоски, кој додава дека по 5 години работа, илјадници снимки и часови и часови монтажа е горд на документарецот за градот во кој е роден и во кој пораснал. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука