Охрид, 1. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – На репертоарот на Охридскиот народен театар, денес повторно ќе биде поставена претставата „Аналфабет“ – комедија работена според текст на Бранислав Нушиќ, во режија на Ѓорѓи Ризески.
Прикажувањето ќе биде во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид, со очеток во 20 часот.
Во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Елизабета Стефановска.
Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев. Во претставата се користат пиротехнички средства и истата не е за лица помлади од 14 години. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 17