април 30, 2017

Охрид, 30. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Центарот за европски стратегии ЕВРОТИНК, Центарот за истражување и информирање за животната средна Еко-свест, Реактор – истражување во акција и Асоцијација за развојни иницијативи – Зенит, во Охрид ќе организираат годишната средба на ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации.

Настанот ќе се одржи на 16-ти и 17-ти мај во хотел „Метропол“, Охрид.

Годишната средба претставува место каде граѓанските организации дискутираат и бараат решенија за секторските предизвици, но и споделуваат добри практики, идеи за секторска комуникација и вмрежување. На настанот ќе бидат презентирани досега спроведените активности на ИПА 2 Механизмот, како и активностите планирани за во иднина.

Повикот за пријавување е отворен заклучно до 3 мај, а селектираните учесници ќе бидат известени најдоцна до 5 мај. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука