април 29, 2017

Охрид, 29. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – И годинава во Охрид ќе се одржи традиционалната Балканска Математичка олимпијада.

Заврши долгиот процес на избор на екипи за БМО 2017. Со завршување на циклусот на натпревари кои се одржаа на територијата на Република Македонија, избрани се две екипи претставници за нашата земја, објавија деновиве од Сојузот на математичарите на Македонија.

Екипа А е составена од кандидатите: Никола Велов, Никола Даневски, Надежда Илиева, Тамара Митровска, Горазд Димитров и Димитар Барјактаров.

Екипа Б е составена од: Лука Грашковски, Кендреса Селими, Калина Стефанова, Алек Јармов, Сања Кариланова и Анастасија Трајанова.

Земји членки кои учествуваат на оваа олимпијада се Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Кипар, Македонија, Молдавија, Романија, Србија, Турција и Црна Гора. Олимпијадата се одржува секоја година по принцип на ротација, а последен пат беше организирана во Охрид, Македонија во 2008 година.

Натпреварувачите решаваат 4 проблемски задачи кои се бодуваат со по 10 поени. Поените се одредуваат преку постапка на координација на координаторите на секоја екипа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука