мај 1, 2017

Дортмунд, 1.мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Пјер Емерик Обамејанг ја игра последната сезона во Борусија Дортмунд, а медиумите тврдат дека веќе е позната неговата следна дестинација.

Според секогаш добро информираниот „Билд“, таткото на Обамејанг и негов менаџер започнал во преговори со ПСЖ и добил повеќе од примамлива понуда.

Имено, „светците“ сакаат да го вратат Обамејанг во Франција за годишна плата од 12.000.000 евра.Според „Билд“  Дортмунд како обештетување ќе добие сума од околу 70 милиони евра. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука