Охрид, 2. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Светлана Вељаноска е матурантка која е на прагот да одлучи што ќе биде нејзина животна определба. Музиката и танцот секогаш ја привлекувале.
Во финалето на талент шоуто OHRID SUPERSTAR беше избор на публиката. Неколку збора со Светлана Вељаноска, учесник на OHRID SUPERSTAR има во интервјуто за Супер радио и OhridPress.
Супер радио: Осумнаесет годишната Светлана беше единствената стружанка во финалето на талант шоуто OHRID SUPERSTAR. За оние кои не ја познаваат, која е Светлана Вељаноска?
Светлана: Јас сум дружељубива и позитивна личност која сака да шири пријателства. Се занимавам со музиката бидејќи едноставно се пронаоѓам во неа. Отсекогаш ме привлекувала музиката и танцот. Моментално сум четврта година на Економско- правна и трговска струга во СОУ „Нико Нестор” Струга. Ова ми се последните школски денови кои сакам добро да ги искористам и расмислувам кон каде да го насочам мојот живот.
Супер радио: Која музика најмногу те исполнува, со што сакаш да се буди, со што да заспиваш? Имаш ли музички идоли?
Светлана:
Па не сум точно определена за одреден жанр на музика, но најмногу ме исполнуваат песните на Тоше, Adele, Beyonce.
Супер радио: Талент шоуто Ohrid SUPERSTAR беше замислено да биде отскочна даска за младите од Охрид и Струга и нивна можност да биде виден нивниот талент. Дали долго размислуваше дали да се пријавиш и што беше пресудно за да го направиш истото – наградите или?
Светлана
: Јас веднаш се пријавив откако слушнав за Ohrid SUPERSTAR, пресудно за моето пријавување беше искуството што би го стекнала од истото.
Супер радио: Имавме 2,5 месеци дружба со останатите кандидати, организаторите, но и жири комисијата. Што ти остави најголем впечаток од целото шоу? Имаш ли забелешки на истото од било која форма?
Светлана: Дружбата со другите кандидати прерасна во вистинско пријателство. Посебно сакам да им се заблагодарам на жири комисијата: Димче Китрозоски, Јовица Каралиевски, Даниел Јовески и Дамјан Пејчиноски што не поддржуваа и ни даваа насоки со цел подобрување на техниката на пеење. Исто така сакам да упатам благодарност до мојот ментор Анита Мицова како и на водителите Александра и Даниел кои постојано не охрабруваа зад сцената. Воедно му се заблагодарувам на мојот професор по соло пеење, Лазар Милошески.
Супер радио:
Публиката и гледачите се секогаш желни да слушнат што се случуваше на Backstagе-от. Нешто интересно што се случило, а имаш впечаток дека вечно ќе го памтиш?
Светлана: Не можам да одвојам некоја случка затоа што ние постојано се смеевме, се здруживме, едноставно се навикнавме едни на други. Стекнав нови пријателства, со кои постанав многу блиска.
Супер радио: Добиваше силна поддршка од публиката, беше и нејзин избор околу тоа кој треба да биде дел од финалето. Можеш ли да се навратиш на овој момент и да ни опишеш како се чувствуваше кога дозна дека одиш во финале?
Светлана: Чуството кога дознав дека одам во финале беше многу возбудливо. Ќе ја искористам оваа прилика да и се заблагодарам на верната публика, затоа што тие се заслужни за мојот влез во финале. Нивната поддршка за мене беше уште една награда и чест ми е што покрај мене имам луѓе што ме сакаат и поддржуваат.
Супер радио: OHRID SUPERSTAR ти носи учество на Езерски бисери, меѓународен фестивал на уметноста, преку кој се стигнува до Славјански базар. Музиката во твојот живот сакаш да биде професија или хоби?
Светлана:
Да, чест ми е да присуствувам на еден таков фестивал. Музиката во мојот живот засега е хоби, а во иднина се надевам дека ќе прерасне во професија.
Супер радио: Напорно ли беше темпото што од вас го бараше реализацијата на шоуто и дали би сакала да живееш со такво темпо?
Светлана: Да беше доста напорно, бараше време и посветеност, но истовремено беше забавно и ми причинување огромна чест што бев дел од еден ваков настан.
Супер радио: За крај, каде се гледа Светлана после 5 години?
Светлана: За 5 години се гледам како успешен музичар кој постојано се надоградува и се надевам дека ќе имам добра музичка кариера со завршено високо образование. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес