Охрид, 2. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на одбележување на 8 мај – Светскиот ден на Црвениот крст и Неделата на Црвениот крст (8-15 мај), а во пресрет на празникот Св. Кирил и Методиј, Клубот за грижа за стари лица при Црвен крст Охрид објавува литературен и ликовен конкурс.
Конкурсот е на тема „Хуманоста во заштита на човековото добро и достоинство“. Право на учество имаат сите граѓани. Ликовните и литературните творби (проза или поезија) може да се доставуваат во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов бр. 52, или да се испратат на е-маил: [email protected], најдоцна до 19 мај. Творбите треба да бидат потпишани од авторот со податоци за име и презиме, возраст, контакт телефон и адреса на живеење.
Стручна комисија ќе ги оценува творбите, а најдобрите 3 ќе бидат наградени. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива